Од септември Општина Карпош ќе ја забрани употребата на мобилни телефони за време на училишната настава

Од почетокот на оваа учебна година учениците во училиштата во Општина Карпош своите телефони ќе ги заклучуваат во шкаф пред почетокот на наставата.  Истата мерка ќе важи и за наставниците кои исто така ќе треба да заборават на телефоните за време на часовите. Во општината има 10 основни училишта, а ограничувањето на употреба на телефоните ќе се спроведе во сите.

„Голем дел од часовите, телефоните се користат за посета на социјалните мрежи, како и недозволено снимање и сликање на наставниците како и соучениците. Поради тоа, со цел да се сочува на некој начин, вниманието на учениците во наставата, локалната самоуправа одлучи да спроведе ограничување на употребата на мобилните телефони“, велат од Општина Карпош.

Телефоните пред почетокот на часот ќе бидат оставани во шкафчиња, одбележани со броевите на учениците од Дневникот. Со почеток од август во сите училишта во општината ќе започнат да се подготвуваат за оваа мерка. Односно ако во училниците нема соодветни шкафчиња ќе бидат донесени пред септември.

Општина Карпош е првата која се одлучи на ваков чекор. Секако ако се покаже како успешен овој потег, веројатно ќе го следат и останатите општини во Македонија. Освен за телефони, ограничувањето за употреба ќе се однесува и на сите останати слични уреди.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии