Од само 7 минути до целосен фитнес план со мобилни апликации

Минатата недела пишувавме за веб сервиси кои ќе ви помогнат да го подобрите вашето здравјe, сепак кога е во прашање физичката активност далеку подобра опција се мобилните уреди и мобилните апликации. Иако бројот на калории кои треба да го внесемe во текот на денот е помеѓу 2.000 и 2.500, ретко кој од нас знае колку калории има во чинијата пред нас или колку калории сме потрошиле во текот на денот. Но, постојат апликации кои ќе ви помогнат за поедноставно водење на здрав живот.

7-Minute Workout Challenge е eдна од најпопуларните апликација за вежбање бидејќи ќе ви помогне да се раздвижите за само 7 минути дневно. Во текот на овие седум минути апликацијата го води корисникот низ 12 вежби кои се избор на експертите. Покрај iOS апликација 7-Minute Workout е достапен и на Android и Windows Phone. Постојат еден куп вакви слични апликации, ваше е да си ја изберете таа што ви одговара.

[youtube]cxYIeIH-Ydk[/youtube]

MSN Health & Fitness е Windows Phone и веб-апликација која ќе ви помогне да го подобрите вашето здравје и поедноставно да водите евиденција за вашата тежина. Апликацијата овозможува да ги ажурирате дневниот внес на калории и потрошените калории. Голема предност на MSN Health & Fitness е што е овозможува едноставно внесување на храната која ја јадете преку голема база на податоци. Недостаток е што македонските производители не се во базата, но апликацијата им овозможува на корисниците и самите да внесат продукт и потоа од „custom“ менито да продолжат да ги користат еднаш внесените податоци. Покрај ова корисниците можат да ги внесат и вежбите кои ги прават во текот на денот без разлика дали станува збор за: возење велосипед, прошетки или посета на теретана. Апликацијата нуди и совети за поквалитетна исхрана, совети од професионални тренери за вежби кои можете да ги правите дома и видеа кои ќе им помогнат на корисниците во вeжбите. MSN Health & Fitness овозможува и проверка на дел од симптомите кои ги имате, иако за ова далеку подобра опција е посета на лекар.

MyFitnessPal e сервис кој помага со споредба на внесените и потрошените калории во текот на денот, односно колку јадете и колку трошите во текот на денот. Апликацијата е едноставна за користење а доаѓа со голема база на јадења и пијалоци. Достапна e за iOS, Android и Windows Phone.

[youtube]fu9RKqlmD1Q[/youtube]

Runtastic ќе ви помогне да ги „избрoите“ километрите поминати без разлика дали станува збор за прошетка, трчање, возење велосипед или некоја друга активност. Апликација може да ви помогне и да тренирате за трка. Недостаток е што сепак за PRO верзијата треба да се издвојат 5 долари, пред се бидејќи добар дел од останатите опции или недостасуваат или треба да ги купите од апликацијата. Runtastic е достапен за: iOS, Android, Windows Phone.

Endomondo е апликација која е фокусирана на интеграцијата со друштвените мрежи, а со тоа и подршката од пријателите да ви помогне полесно да ди остварите зацртаните цели. Endomondo како и другите апликации користи GPS за лоцирање на телефоните додека трчате, пешачите, возите велосипед или кок и да е вашиот омилен превоз. Потоа овие податоци можете да ги споделите на друштвените мрежи, а можете да го поврзете со уреди кои го следат вашиот фитнес како паметни часовници. Endomondo е достапен за: Android, Blackberry, iOS и Windows Phone.

[youtube]vnngimwuu3A[/youtube]

Се разбира освен овие постојат уште куп други апликации кои ќе ви помогнат да ја следите работата на срцето, да со направите план за вежбање или да гледате видеа и совети од тренери. Сепак кога е во прашање вежбањето и исхраната најважна е дисциплината на корисниците, а апликациите се само алатки кои помагаат.

Доколку сме ја предвиделе вашата омилена фитнес апликација кажете ни за тоа во коментарите.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии