Од претплата на корисник до групи, Twitter најави куп промени

Image courtesy of Twitter

Twitter најави многу промени кои треба да ја направат платформата значително попрофитабилна во иднина. Целта на овие промени е микро-блогот да ја удвои својата заработка до 2023 година.

„Super Follow“ е прв „производ“ од Twitter за кој корисниците ќе треба да платат. Ова е нов начин на кој корисниците ќе можат да ги поддржат своите омилени креатори на содржина. Од дел од споделените слајдови може да се забележи дека претплата ќе чини 5 долари, иако ова ниту е потврдено, а не е објавено ниту дали ќе има повеќе нивоа на претплата.

Сепак во претплата ќе биде вклучена различна ексклузивна содржина. Следачите на некој профил ќе можат да го поддржат сопственикот, а во замена ќе добијат дополнителна и ексклузивна содржина. Ако ова ви звучи познато, тоа е истиот модел кој го користи Patreon за овозможи монетаризација на своите корисници.

Што се однесува до она што профилите ќе можат да го понудат во замена за поддршката најавени се: твитови, пристап до е-билтен, пристап до заедница и слично.

Заедниците (community group) се уште еден новитет кој го најави платформата. Ова ќе претставува своевидна копија на групите на Facebook. Во овие заедници учесниците ќе имаат пристап до содржина која ја споделуваат со заедницата. За „супер корисниците“ ова ќе биде можност да додадат уште еден дел во својата понуда.

Засега нема дата за достапност на овие функционалности, ниту пак цената која е искористена во најавата е потврдена. Ако Twitter го следи примерот на сличните сервиси од конкурентите веројатно ќе има повеќе различни пакети за корисниците.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии