Со попусти на апликации за iPhone до зголемени приходи

Самото намалување на цената на апликациите за iPhone им носи на развивачите во просек по 1.665 отсто повеќе симнувања во рок од пет дена, и поголеми приходи од 159 отсто во недела, пишуваат аналитичарите Distimo во својот најнов извештај за влијанието на промените на цени. За iPad растот во симнувањата е 871 отсто откако ќе се намали цената.

Според Distimo, најголемите промени на цени се меѓу 1 до 3 долари по апликација, и иако најчесто се случуваат кај апликациите за iPad, сепак ефектот на промена на цените е најзабележителен кај App Store for iPhone. Ако растот на симнувањата е огромен по намалувањето, откако ќе се зголеми цената тој раст се намалува за 46 отсто за iPhone апликации во рок од пет дена, односно се намалува 57 отсто за апликациите за iPad.

Тоа што е важно за програмерите кои ги продаваат апликациите е дека намалувањето на цените не само што е не е лоша работа за популарноста на апликациите, туку е профитабилна. Со секое намалување од 1 отсто се забележува пораст на приходи од 1,2 отсто во рок од пет дена. Во тие приходи се вклучени и еднократната цена за симнување и купувањата преку апликациите.

Според истражувањето, ваквите ефекти на намалување на цените важи и за Google Play продавницата за Android апликации. Но, тука промените иако се позитивни и според бројот на симнувања и приходите, сепак не се толку „моќни“ како на App Store.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии