Од понеделник емисијата „Едубунту" на MТВ

Емисијата „Едубунту“, која е проект на МИО и на ФОН универзитетот, ќе започне да се емитува на Македонската Радио Телевизија секој работен ден на македонски и на албански јазик. Термините се 10:35 и 14:30 на првиот сервис т.e МТВ1 и 9:30 и 13:00 на МТВ2.

„Темите на емисиите од серијалот ќе го покријат поголемиот дел од пакетот инсталиран на компјутерите во рамки на активностите од проектот „Компјутер за секое дете“ преку кој во сите средни училишта се инсталирани 43 образовни алатки преведени на македонски и албански јазик. Покрај самиот оперативен систем Edubuntu, софтверскиот пакет се состои од пакетот за канцелариско работење Open Office и едукативни алатки од предметите математика, хемија, физика, географија, латински јазик и информатика“ вели министерот за информатичко општество Иво Ивановски.

Емисијата е правена според книгата „Edubuntu Linux & Open Office“, а распоредот на 40 теми кои ќе ги опфати емисијата можете да ги видите тука.

Половина Македонија на интернет

Половина од македонците користат интернет, а 80 отсто имаат мобилен телефон, а фиксната телефонија е присутна во 69 отсто од домовите. Ова се резултатите од анкетата на Агенцијата за електронска комуникација која опфати 1100 луѓе. Една третина од нив одговорила дека користат интернет секој ден, а 81 отсто од нив се закачуваат онлајн од дома. Според анкетата интернет најчесто го користат младите и лицата со високо образование.

Додатно, вкупно 81 отсто од корисниците на мобилната телефонија поседуваат само една СИМ картичка, 14 отсто две, а пет отсто три картички. Дури 73% од испитаниците се задоволни од понудените услуги за мобилни, само 27 отсто мислат дека услугите се скапи, што резултира да 78 отсто од испитаните не го промениле својот мобилен оператор.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии