Од октомври стартува електронското регистрирање на .мк домени

Наскоро нема да мора рачно да доставувате писма до МАРНет за да регистрирате домен. Од понеделник, 2-ри септември, секоја фирма која е заинтересирана да препродава .мк поддомени, ќе може да се пријави да стане регистрар. Авторизираните регистрари во суштина ќе ја работат истата работа што до сега ја работеше МАРНет, со таа разлика што од октомври тие регистрари ќе ви понудат да регистрирате домен преку интернет.

„Овој систем ќе овозможи од кое било место да може електронски да се достават, да се плати електронски и нивниот домен електронски да биде регистриран во кој било период од денот.“, вели ИТ министерот Иво Ивановски.

МАРНет ќе објави и нов Правилник за либерализацијата на процедурата за регистрирање на поддомени. Целта на либерализацијата е да се создаде конкуренција на пазарот што би можело да доведе до пад на цените на домените. Во моментов МАРНет наплаќа 620 денари за регистрација на домен, и 310 за продолжување на регистрацијата за наредната година. Цената не е кој знае колку голема, ниту е проблем како што беше макотрпната постапка за регистрација, но либерализиацијата може да го поевтини пазарот на домени со пад и на цените за хостинг. Најверојатно за регистрари ќе се пријават хостинг компаниите кои ќе се натпреваруваат меѓу себе да понудат евтини домени, евтин хостинг и евтино оддржување на сајтови.

5 коментари на “Од октомври стартува електронското регистрирање на .мк домени

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии