Од NBA до програмирање, Крис Бош вели дека мора да научите да кодирате

Кошаркарот на шампионот во NBA лигата, ѕвездата на Мајами, Крис Бош е заштитно лице на кампањата која треба да ги натера децата во САД да се заинтересираат за програмирање. Бош и самиот програмирa и е убеден дека сите треба да научат да програмирааt, од бездомници до децата. Тој во Wired напиша колумна во која објаснува зошто програмирањето е иднината.

„Со оглед на тоа дека сум дете на 90-те години кое живееше во куќа со родители кои беа технолошки волшебници, почнав да приметувам дека светот се врти околу 1 и 0. Би било глупаво да ја игнорираме моќта која ни ја дава знаењето на дизајнирање и кодирање. Ако силата владееше со една ера, а автоматизацијата со друга, ова е единствен начин да одржиме чекор. Во иднина речиси сите работни места ќе бидат за оние кои знаат да кодираат.“

Г. Бош е дел од кампањата во која учествуваат и Бил Гејтс, Марк Закерберг, Гејб Њувел која се залага за поголемо присуство на кодирањето во образованието. Сепак ова е првпат тој јавно да проговори за значењето на програмирањето и причините поради кои тој се приклучил на проектот. Приклучувањето на голем спортист, во кампања која треба да ги мотивира сите деца да се заинтересираат за кодирање, е поголема придобивка од присуството на Бил Гејтс или Гејб Њувел.

„Иако основен интерес во моментов ми е кошарката, продолжувам да учам и откривам. Би сакал да ги учам децата за важноста на кодирањето бидејќи можната примена е фасцинантна – и ако размислите навистина е прилично едноставно. Ако речете, Бош не го користиш тоа во твојоата кариера – би ви рекол дека го користам. Научив многу животни лекции на теренот, но и надвор од него“.

[youtube]nKIu9yen5nc[/youtube]

1 коментар на “Од NBA до програмирање, Крис Бош вели дека мора да научите да кодирате

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии