Создавање на друштвена игра е огромен креативен, фантастичен и интересен предизвик, вели Милан Тасевски, кратор на македонска игра на табла Small Star Empires и основач на Archona Games. Тој работи на игри веќе пет години, иако последните две години започнал посериозно да се занимава со креирање на сопствена друштвена игра.
Приказната на Small Star Empires, чии фигури се изработени со 3Д принтер, се врти околу галаксијата и вселенски бродови со меѓуѕвезден погон. Играчите се водачи на цивилизации кои се борат за надмоќност, што се постигнува „со тоа што ќе населувате ѕвездени системи, ќе истражувате прекрасни маглини и ќе градите вселенски станици за трговија. Кој ќе има најмногу поени на крајот од играта се прогласува за победник и неговата цивилизација се прогласува за најсилната вселенска империја!“ Ова е накратко сценaриото на играта која е речиси завршена, а следен предизвик на Милан е промоција на играта и можна Kickstarter кампања. Но за ова најпрво е потребно запознавање на boardgame заедницата во Македонија и далеку поважно надвор од Македонија.
„Многу потешко ќе биде ако директно отидеме на Kickstarter без претходно некој да ја види играта,“ вели тој. Најголема помош за презентирање на играте се социјалните мрежи и форумите, иако форумите се најдоборото место пред Twitter, Facebook и Instagram, за запознавање на повеќе луѓе. Секако добра идеја е објавување на играта како Print and play верзија која може да ја најдете Archona Games има верзија на Small Star Empires која можете да ја преземете и да си испринтате своја копија.
„Промоцијата во Македонија засега поминува одлично. Ја промовирав на International Tabletop Day што се одржа во Скопје и иако таму играта беше во некоја порана фаза, одлично ја прифатија сите што ја играа. Потоа имав промоција на Саемот за книга на штандот на Гоблин Друштвени Игри, каде што исто така ја играв со преку 20тина луѓе, кои што сите упатија позитивна критика и навистина мислам дека им се допадна играта на многумина“.
Фигурите на прототипот на Small Star Empires се изработени на 3Д принтер и Милан вели дека ова е навистина одлична алатка, иако кога се во прашање игрите на табла имагинацијата на дизајнерот и неговата посветеност се поважни од алатките кои помагаат за креирање на физичката копија. За да креирате сопствена игра на табла потребно е да ги следите речиси сите друштвени игри за да може да се запознаете со механиката на играта, да имате добри организациски вештини, а предност е доколку сте добри за графички и 3Д дизајн. Сепак 3Д принтерите се нова алатка која ги олеснува работите, и иако не се којзнае колку достапни во Македонија, претежно поради високите цени, сепак Милан се снајде со помош на пријателите. „Најважни се луѓето од заедницата кои ве опкружуваат и ви даваат подршка, додава Тасевски.
„Создавање на друштвена игра е огромен креативен, фантастичен и интересен предизвик. Јас со ова се бавам веќе минимум 5 години од кои што последниве 1-2 многу посериозно од претходните. Најпрво, многу е важно да имате играно и да играте секакви (друштвени) игри, да сте запознаени со механиките внатре во игрите, да го знаете и пратите редовно пазарот на овие игри и сл. Со други зборови да сте активен дизајнер на игри”.









