Од Mакедонец гугла „oskari, hanilend, medena zemja, atidze, oscars“ до тренд на Google

IT.mk редакција

во feature, Вести, ИТ.МК, Свет

Без разлика дали сте го гледале Honeyland или не, дали ви се допаѓа или пак не е во “ваш стил”, сите мора да признаеме дека номинациите за Оскар на документарецот за животот на Атиџе Муратова, пчеларка во селото Бекирлија, донесе нова енергија, надеж и љубопитност кај целата популација за тоа дали македонски филм конечно ќе добие Оскар.

Потврда за љубопитноста ја дава Google, преку нивната платформа Google Trends – официјална алатка на Google која анализира популарни пребарувања на Google.com и ги сегментира по гео-локација и јазик. Потврдата дојде во твит во кој Google истакна дека “Северна Македонија, домот на номинираниот филм за Oscar – Honeyland, е број 1 местото на светот кое моментално пребарува теми за наградите.”

Доделувањето на Оскарите по 92-ри пат се одржува на 10 февруари. Honeyland е само втор македонски филм номиниран за Оскар. Претходно ова му успеа на Пред дождот на Милчо Манчевски. Во техничките категории традиционално добро котираат филмови на кои работат FX3X и Vertigo, две компании за специјални ефекти од Скопје.

Документарецот кој светската премиера ја оствари на престижниот Sundance Film Festival во 2019, на кој и освои три награди, е режиран од страна на Тамара Котевска и Љубомир Стефанов а продуциран од Атанас Георгиев. Одличната кинематографијата е на Фејми Даут и Самир Љума.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии