Од мај Apple ќе започне да го враќа данокот во Ирска

Дејан Соколоски

во ИТ.ЕУ

Нешто помалку од две години откако Apple ја слушна пресудата на Евроспката Унија, компанијата ќе започне со враќање на данокот.

Во 2016 година Европската комисија донесе одлука дека Apple има нефер договор со Ирска. Овој договор и овозможувал на компанијата да плаќа плати данок од 0,5%. Сепак клучниот проблем можеби е што ова е специјален договор кој му бил достапен единствено на Apple.

Европската комисија сметаше дека ова е недозволиво и ѝ нареди на Ирска да собере 13 милијарди евра од Apple. Незадоволни од пресудата беа и Apple, но и Ирска.

Двете страни тогаш најавија дека ќе се жалат на одлуката. Очекувањата се дека по жалбата ќе се одлучува наесен, но компанијата ќе мора да започне да ги враќа ратите отсега.

Ако одлуката по жалбата се промени, тогаш Apple ќе ги добие овие уплати назад. Пред да биде донесена конечна одлука на судот, овие средства ќе седат на ескроу сметка. Според најавите, Apple ќе ги исплати сите пари до крајот на второто тримесечие, јави Reuters.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии