Од лето поевтини роаминг разговори, нo еден MB ќе биде 43 денари!

Oд 30-ти јуни ќе се намалат цените на регионални роаминг разговори, извести Агенцијата за електронски комуникации. Како што беше договарано претходно помеѓу балканските соседи, Македонија, Србија, Црна Гора и Босна и Херцеговина, ќе се обидат да ги намалат роаминг цените за да бидат во чекор со Европската унија која сака целосно да ги укине високите цени за мобилна комуникација надвор од границите.

Идејата зад намалените роаминг цени во Европа, и на Балканот, е да се олесни меѓународната соработка, но истовремено да се влезе во дигиталната ера која диктира дека пристапот до Интернетот е неопходна услуга без врска каде и да се наоѓате. За жал Македонија, и другите соседни земји, не се во Унијата, па мораше да се договорат меѓу себе да ги намалат цените. Ова значи дека од 30-ти јуни разговори помеѓу акедонија, Србија, Црна Гора и Босна и Херцеговина ќе чинат 17,9 денари по минута, а пораките ќе бидат 5,6 денари.

Но… и со намалени цени 1 мегабајт ќе чини 43,2 денари, што да бидеме искрени е апсолутно лудо, сè уште. Иако сегашниве цени се далеку повисоки, сепак еден мегабајт, или 43 денари во роаминг, ќе ви треба само за брзо фрлен поглед на имејлот. Подолго сурфање, пример отварање Facebook кој има мултимедијална содржина, или некој сајт, кои обично тежат неколку мегабајти, ќе значи и драстично висока сметка. Иако операторите нудат некои роаминг пакети со поевтин интернет во странство, пример, Vip нуди 20 MB за 400 денари, сепак подобра опција е да си земете локална картичка, или да сурфате само преку WiFi.

Како и во Европа, така и балкансите земји се договорија секоја година да се намалуваат цените за роаминг услуги. Планирано е во 2017-та година, 1MB da чини 12,3 денари, но, за жал и тоа е повторно превисоко.

1 коментар на “Од лето поевтини роаминг разговори, нo еден MB ќе биде 43 денари!

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии