Од Копенхаген во Скопје: Програмер и графички артист сакаат да ја пренесат културата на инди-игрите

Global Game Jam беше успех и во Македонија, со над 100 учесници во Битола и Скопје кои направија 30-тина игри. Но, сепак беше мал настан спореден со Nordic Game Jam во Копенхаген, најголемиот Game Jam во светот од епски пропорции, кој се одржа во фебруари, и на кој се направија 110 игри од 500 учесници, меѓу кои и двајца македонски програмери. Мартин Пупков и Кристијан Трајковски отидоа на NGJ 14 како волонтери со отворени умови, потпомогнати од Дајана Димовска, еден од организатирите на овој Game Jam и основач на Knapnok Games студиото од Копенхаген; а се вратија со незаборавно искуство, запознаа куп интересни луѓе и направија една нова игра.

„Целата организација како и самата замисла на овој настен беше одлична. За сите тимови кои немаат време или услови да направат лого или музика за својата игра имаше посебни тимови кои работеа специјално на тоа“, објаснуваат Кристијан и Мартин. „Луѓето се забавуваа на секој начин. Насекаде можеше да се види како разменуваат нови идеи, ги пробуваа игрите кои ги развиваа и разменуваа критики или пак едноставно играа друштвени игри“.

[youtube]6XARK1PNjYA[/youtube]

За време на напорниот 48 часовниок хакатон, во тим од неколку програмери, кои не ги познааваа, но исто толку амбициозни, Кристијан и Мартин успеаја да ја креираат играта Spy Fly. Приказната е за мува која сака да ја избрише веб историјата бидејќи корисникот е засрамена од осамените ноќи поминати пред компјутери. Секој момент се очекува да се врати партнерот на корисникот, па нема многу време за мувата да стигне до компјутер.

[youtube]z1b_MotJbXo[/youtube]

Spy Fly не е прва игра која ја имаат направено Кристијан и Мартин. Тие се основачи на македонскиот Dark-1 тим кој работи на своја игра Odium, чиј прототип беше развиван на локалниот Global Game Jam 2013 во Скопје. Ниту се без подочнаци под очите од долгите хакатони. Напротив. Dark-1 тимот, предводен од Кристијан, учествуваше на неодамнешниот Nordeus Hackathon во Белград, каде успеjа да ги победат сите други регионални тимови.

„Во однос на пренесувањето на искуството од Nordeus Hachkathon секој Game Jam е настан сам за себе, и игрите кои се креираат се различни за секој ваков настан. Имено, идејата на Game Jam е да се одвои релативно кратко време да се оттргне вниманието од некој поголем проект на кој се работи и наместо тоа да се пробаат нови и уникатни идеи. Секој Game Jam е едно уникатно искуство и не прави поспремни за следниот Game jJam“, вели Кристија. „Србија не е посебно голема на Indie сцената, иако има поголема конкуренција отколку Македонија. Данска од друга страна, има подолго искуство и со тоа и далеку поголема конкуренција на на Indie сцената.“

Според своето искуство до сега, Кристијан и Мартин се оптимисти дека може да се живее од креирање на видео игри, дури и ако се работи за инди игри креирани за регионот, за Македонија или балканските земји. Иако локалната сцена е речиси непостоечка, сепак Global Game Jam кој се одржува веќе две години по ред во Македонија, ги охрабри луѓето да се заинтересираат за инди-игрите, и да бидат поотворени за нови идеи.

„Секако дека може, на крај сите игри завршуваат на ист пазар, а земајќи во предвид колку животот кај нас е поевтин отколку во Данска, ние имаме многу поволни услови за развој на игри. Во нашата држава има многу талентирани програмери, артисти и останати креативни лица, се што фали е малку повеќе ентузијазам и желба нешто да се направи.“

(Кристијан и Мартин во PlayDead)

Иако Nordic Game Jam 2014 беше фантастично искуство за двајцата млади програмери, тоа што ја круниса нивната посета на Копенхаген е што ги запознаа професионалците. Најинтересниот дел, велат, е посетата на канцелариите на PlayDead, компанијата зад хит-играта Limbo, каде сфатија дека креирањето на видео игри е нешто повеќе од само професија.

„Имавме можност да се запознаеме со дел од луѓето кои ја креираа Limbo како и да го разгледаме целото студио. За овие луѓе игрите се професија која ја сакаат. Луѓето од indie студијата редовно се собираат и се дружат со локални мултиплеер игри и пиво, тренд кој се надеваме дека наскоро ќе се прошири повеќе и на нашите простори“, велат Кристијан и Мартин.

2 коментари на “Од Копенхаген во Скопје: Програмер и графички артист сакаат да ја пренесат културата на инди-игрите

  1. Pingback: Virus Kompjuteri

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии