Европскиот парламент со големо мнозинство изгласа ново намалување на роаминг цените за повици и интернет ширум Европа. Оваа одлука веќе беше претходно најавена, а сега е и официјализирана.

Од јули роаминг цените ќе бидат максимално 29 евро центи за минути, односно 17,7 денари за повик, или 5 денари за примање повик, или околу 70 евро центи за мегабајт, односно 42,7 денари.

Ова намалување е прв дел од планот на Европската Комисија да ги намали роаминг цените колку што е можно повеќе до 2015 година. Според Комисијата, роаминг цените до сега беа премногу високи за да можеше корисниците слободно да комуницираат меѓу земјите-членки, што влијаеше негативно на економијата и трговијата во „безграничната“ Европа.

Со намалување на цените, кои се апсолутно непотребно високи, како што вели евро-комесарката Нели Крус, ќе се отвори нов пазар за слободно користење на мобилните телефони без грижа на високи сметки.

„Со поставување на лимит на цените, креиравме роаминг пазар за генерацијата на корисници на паметни телефони, и ставивме крај на ерата на кражбите познати на сите кои користеле телефон додека патуваат во странство.“, вели евро-комесарката задолжена за Дигитална агенда.

Следниот чекор е цените да паднат уште до 2014-та година, и да им се овозможи на корисниците да променуваат мобилни мрежи кога ќе влезат во друга држава, наместо како што е сега да останат само со домашниот оператор.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии