Од Glass до Leap Motion до Nest, ова се технологиите кои ја одбележаа 2013-та година

Во изминатава година корисниците конечно имаат можност да видат некои од подолго очекуваните технологии. Oculus Rift VR, Google Glass, паметни часовници и Интернет на нештата се дел од новите револуционарни технологии кои ја одбележаа 2013-та година, но и ни покажаа дека иднината е светла и возбудлива. Еве потсетување за дел од нив.

Leap Motion е еден од технологиите кои некако помина понезабележително од останатите учесници на листата. Сепак стартапот може да се пофали дека го поседува најдобриот контролер во 2013 година, дури и во споредба со Kinect 2 и контролерот на Sony PlayStation 4. Покрај контролите, гестикулацијата, можноста за работење со речиси секој софтвер, па се до игри, сето ова доаѓа за само 80 долари.

[youtube]N6hCwjwzUHg[/youtube]

Google поодамна ги претставува своите очила за проширена реалност Google Glass, а во 2013 година конечно за прв пат можевме да видиме дел од можностите на овој преносен компјутер. Иако сите не се воодушевени од очилата, речиси сите започнаа некаква интеграција со очилата. Mercedes најави интеграција во своите автомобили, Twitter и Facebook се приклучија на медиумите кои исто така имаат своја апликација, како на пример New York Times. Покрај ова можеме да ги видиме и првите апликации за очилата од супер-шопинг асистент, па се до апликации за возрасни кој засега сè уште се забранети од Google. Glass ја одбележаа минатата година, иако беа само во најава и во рана фаза на развој. Паметните очила ќе ја освојат сцената и следната година.

[youtube]l5XoAkOuWdM[/youtube]

Лидерот на пазарот на таканеречениот Интернет на нештата, Nest, и оваа година претстави редизајн на продукт кој го има во речиси секој дом, против пожарниот аларм Nest Protect. Интернет на нештата е следната голема револуција, па очекувајте за оваа технологија да слушате и читате повеќе. Веќе интернетот не служи само за читање и споделување информации на екран, туку и за користење на тие информации да се води поефикасен живот.

[youtube]QXp-LYBXwfo[/youtube]

Паметните часовници доаѓаат и тоа не само како најава. Pebble, Samsung Galaxy Gear, Qualcomm сите излегоа со паметни часовници во 2013 година. Засега се чини дека најдалеку се отидени Pebble, проект кој започна на Kickstarter со поддршка десетина милиони долари и речиси 69.000 подржувачи, проектот на стартапот засега е најдобар паметен часовник пред конкуренцијата. За 2014 година презентации на свој паметен часовник најавува Apple, а се шпекулира и за уреди од Google и Microsoft.

[youtube]WpUlXCpaeF0[/youtube]

Ова се само дел од интересните технологии кои за прв пат излегоа во 2013 година, која е вашата омилена?

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии