Од еколог до дрон инженер, Грег Кнутсен се обидува да им помогне на земјоделците

Дроновите сè почесто се користат како помошна алатка за земјоделците. Грег Кнутсен е еколог кој својата струка ја замени со аеро-инженер за да им помогне на земјоделците, јави Motherboard. Вообичаено дроновите доаѓаат со камера, но г. Кнутсен на своите летала, поставува и куп други сензори. Така леталата можат да мерат и влажност, температура или присуство на паразити. Ова овозможува различно третирање на различни делови од полињата.

„Начинот на кој треба да гледате на дроновите е како на летечки паметни телефони. Одиме од дрон, на телефон, во обработка во облакот и назад на телефонот. Иднината не е во дроновите, туку во неверојатниот стрим на податоци кои доаѓаат во дронот, и што ќе направиме со овие податоци.“, вели г. Кнутсен.

Засега не сме слушнале за земјоделци во Македонија кои користат дронови и помош на технологија. Но, секако ова е иднината на земјоделството, па очекуваме наскоро да ги видиме и кај нас.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии