Се почна од еден твит. Се сподели идејата, се здружија твитерџиите и се организираше првиот неформален велосипедски настан Критична маса #НаТочак. Околу стотина велосипедисти се појавија на улиците на првoто возење низ Скопје. Се организираше и второ возење, и трето, четврто, и петто, и шесто… А на 27.02 ќе се случи и ново десетто возење. Целта на настанот е да се мотивираат велосипедистите да бидат гласни дека „возењето на велосипед е право, а не привилегија“. И секако, да се мотивираат возачите да ги заменат автомобилите за велосипеди и за почист воздух.
Подолу може да го погледнете краткиот филм #НаТочак кој беше премиерно прикажан на конференцијата Engage. Повеќе детали за настанот може да следите на Facebook, на Twitter, a може да видите и што мислат другите твитерџии според хаштагот #НаТочак.
Критична маса е интернационален настан. Првото возење беше во септември 1992 година во Сан Франциско и во него учествуваа 48 велосипедисти. Денес се вози низ 300 градови во светот, а најмасовното возење беше во Будимпешта во 2008-ма година кога учествуваа околу 80.000 велосипедисти.
[youtube]KeHox2dasKU[/youtube]