Од денес, Microsoft ја прекинува поддршката за Windows Vista

По десет години од официјалното излегување на Windows Vista, Microsoft објавија преку нивниот форум за поддршка дека од 11 април овој оперативен систем нема да добива ниту безбедносни надополнувања, ниту хотфиксови од каква било друга природа.

„Microsoft ја поддржуваше Windows Vista во последниве десет години, но дојде време ние и нашите партнери за хардвер и софтвер да ги насочиме нашите ресурси кон понови технологии за да можеме и понатаму да нудиме одлични нови искуства.“

Сите љубители на Vista можат и понатаму да го користат децениски стариот оперативен систем, но со текот на времето може да се случи одредени софтверски апликации да не се поддржуваат повеќе, а и да се зголеми ризикот за напад врз вашата дигитална безбедност затоа што нема да се имплементираат заштити за сите ново-откриени слабости и вируси.

Дополнително, Microsoft изјави дека престанува со нудење на Microsoft Security Essentials за преземање, иако компанијата и понатаму ќе продолжи да исфрла надополнувања одредено време.

Не е никакво изненадување дека што од компанијата препорачуваат сите сопственици да се префрлат на нова и подобра алтернатива – Windows 10.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии