Од 500.000 долари инвестиција во Facebook во 2004-та, Петер Тиел сега заработи една милијарда

Еден од основачите на PayPal и истовремено првиот инвеститор на Facebook, Петер Тиел,  го продаде најголемиот дел од акциите кои ги поседува во друштвената мрежа, јавува Forbes.

Моментот на продажбата на акциите е доста интересен бидејќи акциите на Facebook се во речиси постојан пад, а нивната вредност е преполовена, паѓајки и под 19 долари иако првично беа проценети на 38 долари. Моменталната вредност на акциите е околу 20 долари за акција. Можеби г. Тиел повеќе не верува дека вредноста на Facebook ќе порасне  па ги прадава акциите веднаш штом заврши договорот кој забранува рани инвеститори да продаваат акции. Овој договор беше вклучен кога Facebook излезе на берзата.

Инвеститорот продаде 20 милиони акции што се 72 проценти од неговите акциите во друштвената мрежа. Околу 16 милиони од овие акции беа во негова сопственост, а останатите во споственост на неговите холдинг компании. Продажбата беше извесна откако г.Тиел ги замени своите акции од ’Б’ во ’А’  тип. Акциите од ’Б’ тип вредат десет гласа при носење на одлуки но според правилата не е дозволено тргување со овие акции. Од тргувањето со акциите на Facebook тој заработи над 400 милиони неоданочени долари.

Поголем проблем за Facebook може да биде што г. Тиел е во управниот одбор на Facebook, па продажбата на акциите кои ги поседува  најверојатно ќе ги обесхрабри и останатите акционери. Со речиси 400 милиони од оваа продажба и над 640 милиони од претходните тргувања, г. Тиел со тргување на берза само со акциите на Facebook заработи над милијарда долари. Цената кој тој ја плати за 10 проценти од акциите во друштвената мрежа во 2004 е 500.000 долари. Тој ќе задржи околу 7 милиони акции.

 

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии