Од 2030 Volvo ќе продава само онлајн и само електрични возила

Шведскиот производител на возила Volvo најави дека од 2030 година сите возила кои ги произведуваат ќе бидат електрични. Дополнително возилата кои ќе ги продаваат ќе бидат достапни единствено преку веб-страница.

„Потполно сум убеден дека нема клиент кој сака да остане со мотор на внатрешно согорување. Сигурни сме дека електричните возила се поатрактивни за купувачите“, вели Хакан Самуелсон, директор на Volvo.

Volvo веќе објави дека до 2025 половина од продадените модели треба да бидат електрични, а другата половина хибридни модели. Во 2017 најавија дека е многу веројатно следната генерација на дизел мотори да биде и последна. Во следните години Volvo ќе претстави повеќе електрични модели, а ова ќе продолжи и во иднина.

„Нема долгорочна иднина за автомобилите со мотор со внатрешно согорување. Во целост сме посветени да постанеме единствено-електричен производител на автомобили и транзицијата ќе се случи до 2030“, додава г. Самуелсон.

Она што е дури поголемо изненадување е сите возила да се продаваат исклучиво онлајн. Купувачот ќе може да отиде во салон и да ги разгледа возилата, но купувањето ќе биде исклучиво преку вебсајт. Ова ќе овозможи цената на сите Volvo возила да биде регулирана од еден центар.

Компанијата нема да ги затвори продажните салони тие остануваат задолжени за достава, сервис и одржување на возилата. Дополнително како и досега ќе овозможат поглед на возилото во живо и пробни возења.

Шведскиот производител денес е во сопственост на Zhejiang Geely Holding Group од Хангжу, Кина.

1 коментар на “Од 2030 Volvo ќе продава само онлајн и само електрични возила

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии