Од 2023 Oculus само со Facebook профил

Facebook најави дека од 2023 година за користење на Oculus ќе биде неопходен Facebook профил. Oculus профилите кои се користат во моментов ќе започнат да бидат заменувани овој октомври. Официјално овие профили ќе бидат отстранети на први јануари 2023.

Начинот на кој ова ќе биде остварено е следниот. Корисниците кои имаат Facebook и Oculus профили најпрво ќе добијат порака за спојување на профилите. Ако корисникот одбие да го направи ова може да продолжи да го користи профилот како што е, до 2023. По ова Oculus профилите прекинуваат да се користат, и ќе биде неопходен Facebook, пишува на блогот на Oculus.

„Ќе преземеме чекори кои ќе им овозможат на корисниците да ја задржат содржината која ја купиле, иако некои од игрите и апликациите нема да функционираат. Причина за ова може да биде што е потребен профил на Facebook или бидејќи девелоперот ја прекинал поддршката“, велат од Facebook.

Со ова друштвената мрежа ќе продолжи со спојување на Facebook со сетот за виртуелна реалност. Во 2014 кога друштвената мрежа потроши 2 милијарди долари за купување на сетот за виртуелна реалност најавата беше дека производството на сетот ќе продолжи независно од друштвената мрежа. Очигледно овој период е завршен и компанијата е подготвена за последната фаза интеграција на Oculus.

Со додавање на Facebook профил корисниците на Oculus ќе имаат можност за подлабока интеграција со функционалностите на друштвената мрежа.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии