Од 2014 до денес Google добил 2.4 милиони барања за отстранување содржина

Дејан Соколоски

во Веб, Свет

Над 2.4 милиони барања стасаа до Google од носењето на закон за правото да се биде за заборавен. Компанијата потврдно одговори на 43% од овие барања, а за 57% сметаат дека се неосновани.

Интересно, најголем дел од овие барања, речиси половината, се дојдени до 2015 година. Најголем дел од барањата не се однесуваат на некој настан од минатото поради кои се срами корисникот. Околу една третина од барањата се однесуваат на отстранување на податоци од друштевните мрежи.

Сепак еден добар дел, 20% отпаѓаат на правни прашања, односно проблеми со законот кои подносителите на барања ги имале во минатото.

Компанијата објави документи кои ги објавуваа секоја година. Според овие податоци, најголем дел од корисниците, 85%, доаѓаат од индивидуалци. Само 5 % од барањата се на барање на малолетници.

 

Европа го донесе правото да се биде заборавен на средината на 2014 година. Судскиот спој со кој е донесен преседанот е започнат уште во 2010 година. Сепак, најверојатно претпоставувате дека ова и тогаш беше сериозен проблем.

Google тогаш тврдеше дека дека секое блокирање на содржина е еднакво на цензура, но сепак се чини дека корисниците го добија последниот збор. Компанијата тврдеше дека тие не ги контролираат податоците, што е точно, и дека тие информации се достапни за секого на интернет. Но, европското „право да бидеш заборавен“ вклучува и можност да се едитираат пребарувањата за заштита на личните податоци. Според правото, граѓаните можат да побараат од сите технолошки компании да им ги избришат податоците кои се онлајн, се додека не постои легитимна причина против таква одлука.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии