Полиса за приватност е aлатка со која секој сајт им објаснува на корисниците што и како ги следи додека се на сајтот. Полисата за приватност осигурува корисникот да знае колку е заштитена приватноста, но полисата за приватноста го врзува веб сајтот на одговорност спрема посетителот.

Но.. не и во Македонија.

Што се случува тогаш со корисничките податоци? Кога се логирате на некој македонски сајт или форум, дали знаете кои податоци ви се земаат и што се прави со нив? Дали сте сигурни дека овие податоци нема да бидат предадени на други сајтови за маркетинг, нешто што е забрането и со закони?

Денес, петок 28, е светски Ден за заштита на личните податоци. По тој повод Дирекцијата за заштита на личните податоци, Метаморфозис фондацијата и преставници од ЕУ го презентираа Koдексот за заштита на приватноста на Интернет и Водич за заштита на приватноста.

И двата документи се подолу, и двата документи треба да бидат поттик за властите и сајтовите да допринесат кон побезбедно и покоректно користење и заштитување на личните податоци на посетителите на сајтови.

Nacrt-kodeks za zashtita na privatnosta na internet 26.01.2011

3 коментари на “Од 14.000 .мк сајтови само 49 имаат полиса за приватност

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии