Од 1 јануари расте прагот за ослободување од царина

IT.mk редакција

во feature, ИТ.МК

Од први јануари наместо 45 евра од царинска ќе бидат ослободени малите пратки до 90 евра. Ова сè уште е под прагот од 150 евра кој важи во Европската Унија. Зголемувањето на прагот е во насока на спроведување на препораките на Европската комисија, како и зголемување на обемот на е-трговија во земјава, се вели во соопштението на Владата.

Ова секако е добра вест за граѓаните кои ќе можат да купуваат и поскапи производи онлајн. Цената од 90 евра е далеку од сумата од 350 евра која граѓаните можат да ја пријават на влез во државата без да платат царина. Сепак новата промена треба да донесе некаков баланс помеѓу потребата за прекугранична онлајн трговија и запирање на граѓаните кои сакаат да ја злоупотребат е-трговијата.

„Кога зборуваме за олеснувањето на прекуграничната е-трговија треба да се земат предвид двете страни. Константни се барањата на граѓаните за зголемување на прагот на вредноста на стоки што подлежат на ослободување од плаќање царина. Од друга страна, има голем притисок на одредена категорија граѓани кои низ превезот на поголеми повластици сакаат да вршат нелегална трговија. Затоа работиме на подобрување на процесите и зголемување на ефикасноста“, вели министерката Ангеловска.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии