Од 1 април номинален протокол за користење на time.mk ќе биде HTTPS

Почнувајќи од 1 април 2018, номинален протокол за користење на time.mk ќе биде HTTPS, наспроти сегашниот HTTP. HTTPS е едноставна комбинацијата на HTTP со слој на енкрипција како SSL или TLS.

Безбедноста на информациите пренесени преку HTTPS се базира на употреба на алгоритам за шифрирање и на сертификат за автентичност. Користејќи HTTPS се гарантира доверливост и интегритет на податоците доставена од страна на корисникот и податоците кои се добиваат од веб серверите.

Користејќи HTTPS интернет провајдерите, или друго трето лице, нема да бидат во можност да следат какви информации се читаат на веб страницата, туку најмногу што може да откријат е дека е пристапено до истата.

На прашањето зошто сега се одлучуваат на ваков чекор, Игор ни го кажа следното,

Поради функционалноста што ја нуди HTTPS (доверливост и автентичност) и поради тоа што ни се качија на глава на twitter, кога па кога HTTPS :)

А, кога веќе ние сме на HTTPS би сакале целото корисничко искуство да биде под HTTPS од почеток до крај, па затоа побаравме и од сајтовите да овозможат таков протокол.

Почнувајќи од 1 април дополнителен услов за да една станица биде вклучена во time.mk ќе биде страницата да поддржува HTTPS протокол за користење. За да проверите дали вашата страница (пример http://example.mk) го поддржува протоколот, потребно е да проверите дали страницата нормално функционира и со следната адреса https://example.mk

Доколку сакате да останете на time.mk ќе биде потребно сите содржини на вашата страница да бидат достапни и со HTTPS протокол. Во спротивно ќе бидете отстранети од листата на извори на содржини на time.mk.

Time.mk им дава на страниците рок од 40 дена да го овозможат овој протокол.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии