Oculus TV е нова „телевизиска“ платформа на Facebook

Image courtesy of Facebook

Платформата за гледање на телевизија во виртуелната реалност на Facebook, Oculus TV и официјално проработи. Станува збор за платформа која овозможува виртуелено приватно платно на секој кој го користи Oculus Go. Ова овозможува своевидно „приватно кино“ за сите кои ја користат апликацијата.

Oculus ветува дека екранот кој го гледаат корисниците соодветствува на екран од 460 сантиметри.  На Oculus TV е достапна програмата на Netflix, Hulu, SHOWTIME и SHOWTIME ANYTIME. Преку Facebook Watch на платформата ќе бидат достапни и бејзбол натпреварите од MLB.

Новите Oculus Go уреди ќе доаѓаат со преинсталиран Oculus TV. Корисниците кои сепак купиле уред порано може да го преземат и инсталираат од Oculus Store.

Лоша вест е дека гео блокирањето ќе си продолжи и со новиот уред. Телевизиите и со овој сервис ќе „емитуваат“ програма во зоните како и досега, а за сервисите како Netflix секако е потребна претплата.

За жал, на платформата, можеби барем засега не се достапни видеата од YouTube.

Она што најверојатно е најважно е дека ова е само почеток за Oculus TV, друштвената мрежа ќе ги „префрла“ сите содржини кои доаѓаат на Facebook Watch. Секако дел од содржините ќе бидат и оригиналната содржини која креаторите ќе ја создаваат за Facebook. Дополнително од друштвената мрежа најавуваат дека работат на партнерства за додавање на нови содржини и канали.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии