Oculus се збогува со својот креатор, Палмер Лаки си оди од Facebook

Ко-основачот на компанијата со која започна лудилото по виртуелната реалност Oculus, Палмер Лаки, ја напушта компанијата.

„Палмер многу ќе ни недостасува. Неговото наследство се протега многу повеќе од Oculus. Неговиот инвентивен дух ни помогна да започнеме со модерната ВР-револуција. Благодарни сме за сè што направи за Oculus и виртуелната реалност и му посакуваме сè најдобро во иднина“, пренесе Upload VR.

Засега е нејасна причината и начинот на кој г. Лаки ја напушта компанијата. Според збогувањето, наликува дека е одлука која ја донел сам, а не може да го игнорираме неговиот придонес во Oculus. Сепак токму ова може да е причина за избегнувањето на скандалите. Г. Лаки и самиот е некој вид на заштитно лице на Oculus, па нарушување на неговиот имиџ нема да ѝ помогне на компанијата.

Имиџот на г. Лаки беше нарушен во текот на претседателската капања кога се откри дека донирал 10.000 долари на Nimble America. Групата се обидуваше преку мемиња да ѝ одмогне на Хилари Клинтон.

Одделот за виртуелна реалност на Facebook од пред некое време е во рацете на Хуго Бара, поранешен директор на Xiaomi.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии