Oculus нема проблем со порното во виртуелна реалност

Основачот на Oculus Rift, Палмер Лаки, нема никаков проблем со поврзувањето на нивниот уред со 3Д порнографија. „Oculus Rift е отворена платформа. Немаме контрола над софтверот кој може да се користи на него, а тоа е важно“, вели г. Лаки за Variety.

Oculus нема самиот да пласира содржини за возрасни, со оглед на тоа дека најголем дел од софтверот ќе доаѓа преку Facebook Oculus Store чии правила за користење се ригорозни кога во прашање е порнографијата. Сепак дистрибуција на софтверот преку други канали е возможна и нема начин Oculus да ги забрани. Веќе има неколку проекти за порно-виртуелна реалност

Неодамна компанијaта ја презентираше финалната верзија на Oculus Rift и најави дека уредот ќе се појави на пазароот во 2016 година.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии