Очекувано? Gangham Style стана најгледаното YouTube видео на сите времиња

Првин Gangham Style сруши Гинисов рекорд за најлајкнувано видео, а сега со 824 милиони прегледи стана и најгледаното YouTube видео на сите времиња, надминувајќи го со 20 милиони прегледи видео спотот Baby на тинејџерската ѕвезда Џастин Бибер.

Видеото го исмева конзумеризмот на Гангам, предградие на Сеул, главниот град на Јужна Кореја. Psy, неговото право име е Парк Џе-Санг, со своето глупирање во видеото, пример игра како да јава коњ и се сонча провокативно иако нема ништо атрактивно кај 34 годишната ѕвезда, стана светски феномен кој мотивираше куп други музичари и фанови да го имитираат. Дури и генералниот секретар на Обединетите Нации, Бан Ки-Мун се обиде да го одигра Gangham Style танцот.

Еве го оригиналното видео иако сигурно голем дел од вас веќе сте го виделе, и можеби сте се обиделе да го имитирате откаченото играње.

[youtube]9bZkp7q19f0[/youtube]

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии