Обвинение за промоција на лажен софтвер

IT.mk редакција

во Свет

{mosimage}Според изјавата на медиумите, Рон Кук, сопственикот на  компанијата Messenger Solutions, е обвинет поради прекршување на Computer Spyware Act и Consumer Protection Act од американскиот закон заради промовирање на неговите WinAntiVirus Pro 2007, System Doctor, Messenger Blocker и WinAntiSpyware продукти.

Во Сиетл, биле поднесени обвиненијата претпоставувајќи дека интернет корисниците биле принудени да го купат софтверот откако ќе добиле pop-up прозорец во вид на реклама кој бил испратен преку Net Send системот. Корисниците кои го превземале софтверот се вели дека имале несакани бомбардирања кон другите компјутерски корисници, на секои две секунди, со pop-up пораки, рекламирајќи порнографија и дрога за зголемување на сексуалните задоволства.

Експертите од компанијата Sophos нагласуваат дека ова не е прв пат услугата Net Send да биде злоупотребена за праќање на анонимни пораки кои симулирале сигурносни предупредувања.

{mosimage}

Случајот е сличен со минатогодишниот инцидент во октомври 2007, кога Хоан Вин, бил осуден за истите причини поради неговата услуга FixWinReg. Изречената казна била да господинот Вин исплати 25.000 американски долари за адвокатски услуги и плус додатни $75.000 долари во цивилни пенали ако уште еднаш се обиде да праќа пораки преку Net Send за промовирање продукти или услуги.

За обвинителите не било доволно осудувањето на Рон Кук само поради манипулација на муштериите за да го купат неговиот производ, туку го обвиниле и дека неговиот програм малициозно ги претворал компјутерите на жртвите во машини за спамирање.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии