Објавени се првите новинарски стории со виртуелна реалност

Виртуелната реалност доаѓа со куп предности кои го ставаат корисникот во средина на настаните кои му се презентирани. Со виртуелната реалност корисникот го доживува тоа што до сега го читал, што е предност за првите новинарски стории во 3Д. Associated Press во соработка со RYOT започна со продукција на статии во виртуелна реалност кои ќе излегуваат во следниве неколку месеци. Првата приказна е веќе достапна на YouTube – Seeking Home: Life inside the Calais Migrant Camp. Станува збор за документарен филм кој го доловува животот на имигрантите во камп во Франција кои се подготвуваат за пребегнување во Велика Британија.

Друг светски медиум, New York Times пред две недели најавија дека во соработка со Google започнуваат со приказни во виртуелна реланост за своите корисници. Првото видео кое ќе биде прикажано е Displaced – сторија за деца преселени поради војна. „Моќта на виртуелната реалност е дека на гледачот му овозможува единствено чувство на поврзаност со луѓето и настаните,“ вели Џејк Силверстајн. Документарните филмови ќе бидат достапни на повеќе платформи, од Google Cardboard, RYOT VR app, па се до Oculus Share.