Oбјавени се официјалните спецификации и цени на првиот таблет компјутер на Google

Google го објави првото промотивно видео, официјална слика и спецификации од својот таблет компјутер Nexus 7 кој е изработен од Asus. Таблет компјутерот има 7 инчен екран, процесор со четири јадра и „батерија која трае цел ден“.

Eкранот поддржува 1280 x 800 дисплеј со густина на пиксели од 216 PPI, работи на Nvidia Tegra 3 процесор со четири јадра, 1 GB RAM и 8 или 16 GB простор, зависно од моделот. Напред има 1,2 мегапиксели камера за видео повици, и работи на Android Jellybean. Kако што очекувавме, Nexus 7 чини 199 долари за 8GB, односно 250 долари за 16 GB.

Повеќе детали за таблет компјутерот на Google ќе чуете на I/O конференцијата која може да ја следите во живо.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии