Објавена соработка помеѓу Lyft и Waymo

Одделот за автономни возила на Alphabet, Waymo, и Lyft започнаа со соработка за развој на автономни возила. Двете компании  ќе работат на развој и подобрување на автономните возила, јави BBC.

„Waymo ја има најдобрата технологија за автономни возила. Соработката со нив ќе ја забрза нашата замисла за подобрување на животите на луѓето со обезбедување на најдобар транспорт во светот“, велат од Lyft.

Waymo е компанија која произлезе од развојот на автономни возила во Google, и е лидер кога автономните возила се во прашање. Lyft кој не работи на автономни возила, со оваа соработка со Google наеднаш станува многу поконкурентен. Ова е лоша вест за најголемиот конкурент на Lyft, Uber кој е во судски спор со Waymo.

Судскиот спор е околу основачот на Otto камионите. Waymo тврди дека тој го напуштил Google заедно со технолгијата развиена во компанијата. Основачот на Otto, Ентони Левандовски, е обвинет дека имал договор со Uber пред воопшто да ја напушти компанијта. Судијата во овој случај им изрече привремена забрана за развој на автономни возила.

 

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии