Објавена Opera 11.10 бета со неколку подобрувања

Speed Dial, односно првата страница која ја гледате кога ќе се отвори Opera, слична на оваа на Chrome, е видно подобрена. Вашите омилени страници сега имаат појасни прикази, а Speed Dial може да прикажува дури и динамичка содржина „во живо“ од страниците. Можете да го прилагодите сосема на своите потреби со неговите многу можности.

Може да се каже дека Opera е секогаш во тренд со најновите веб стандарди, па така и ја проширува поддршката вклучувајќи CSS3 линеарни градиенти и повеќе колумни.

Исто така, новина е што сега опера ќе понуди да инсталира Flash ако го немате, како тоа што го прават Firefox и Internet Explorer.

За оние кое се прашуваа зошто Opera ја немаше на Pwn2pwn, одговорот од еден од учесниците е дека „Opera има многу мал дел од пазарот и дека не е предизвик за хакерите.“ Opera има само околу 3% од пазарот во моентов.

5 коментари на “Објавена Opera 11.10 бета со неколку подобрувања

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии