Објавена е првата јавна верзија на платформата за блогирање Ghost

Ghost, новата платформа за блогирање со отворен код која ја најавивме при крајот на мај оваа година, од денес и официјално е јавно достапна за преземање, по трите недели кога корисниците донираа за овој проект. Продуктот за кој донираа околу 6.000 корисници на Kickstarter, се фокусира исклучиво на блогирањето и сака да го замени WordPress кој во последните неколку години стана премногу комплексен.

За да го преземете Ghost, потребно е само да се регистрирате на Ghost.org, при што ќе ја добиете вашата верзија на оваа минималистичка и едноставна платформа за блогирање. За помалку од 24 часа, Ghost има нешто повеќе од 23.000 преземања, а достапни се и 12 теми. Додека сме кај темите, најголемиот маркет за теми, ThemeForest, организира натпревар во кој развивачите на првите 10 одобрени теми за Ghost ќе добијат по 250 долари, а вторите 10 по 100 долари. Дополнително, најдобрата оригинална тема ќе добие награда од 1.000 долари, а најдобрата постоечка тема, прилагодена за Ghost ќе добие 500 долари.

Наскоро ќе биде достапен и бесплатен сервис на кој секој ќе може бесплатно да си направи свој блог со само неколку кликови. Доколку ви е потребна помош, целата документација е достапна на docs.ghost.org.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии