Објавена е последната верзија на Оculus Rift; ќе се продава од 2016-та

Oculus ја претстави последната верзија на Oculus Rift, и најави дека виртуелната реалност пристига во првата половина од 2016 година. Финалната верзија е базирана на последниот прототип кој го презентираше Oculus, Crescent Bay. Надградбата на прототипот ќе овозможи тој да биде полесен и поудобен, ќе доаѓа со вградени слушалки и нов систем за следење, јави Gizmodo. Системот за следење ќе овозможува користење при седење или стоење, а барем засега Oculus Rift ќе се поврзува со жици, што сепак ќе го ограничи движењето на корисниците.

За сега Oculus чува најголем дел од информациите за финалната верзија во тајност, но најавуваат повеќе податоци во следните неколку недели.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии