Објавена е последната бета за Ubuntu 13.04

Последната бета верзија за Ubuntu 13.04 е објавена и достапна за преземање, додека официјалната верзија би требало да ја очекувме на 25-ти април. Ново во Ubuntu 13.04 ќе бидат новите дизајни на сесиските дијалози (прозорчиња) и тие за исклучување на компјутерот.

[youtube]h_qqjOMGlrI[/youtube]

Unity доаѓа со уште неколку промени на интерфејсот. Прозорците ќе добијат нови ефекти кога ќе ти влечите низ работната околина. Покрај тоа, подновување добија и иконките за леќите, како и Ubuntu иконката за отварање на работната табла.

Ubuntu 13.04 има ново мени за синхронизација на Ubuntu One, како и со побрзи и подобрени перформанси на Unity. Детален преглед очекувајте откако ќе излезе официјалната верзија, а до тогаш можете да го тестирате Ubuntu 13.04 Beta 2, кој можете да го преземете од http://releases.ubuntu.com/13.04/.

[youtube]Gd8LShbq1SE[/youtube]

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии