Објавен Виста Сервис Пакет 1

IT.mk редакција

во Свет

{mosimage}Микрософт конечно го претстави Сервис Пакетот 1 за Виндоус Виста, кој почнувајќи од 18.03 е достапен за превземање преку Виндоус компонентата за надградување или пак од нивниот официјален сајт. Виста СП 1 е достапен засега во пет јазици: Англиски, Француски, Шпански, Германски и Јапонски, а за во Април е најавено и објавување на додатни 31 јазици.

Корисниците на Виста не треба да бидат загрижени за процедурата како да го превземат Сервис Пакетот 1, тоа ќе биде направено автоматски преку самиот оперативен систем веднаш штом Микрософт го овозможи тоа. Доколку сте од оние нестрпливите и би сакале да го превземете самите и да го испробате СП 1, пакетот тежи 434.5 мегабајти и со конекција од 256К ќе го имате за околу 3-4 часа. За директниот линк за превземање на самостојната верзија кликнете тука .

Виста СП 1 засега не е достапен за продажба на крајните корисници во готово издание, и Микрософт на својата прес конференција не објави рок до кога би можеле да го очекуваме тоа, туку најави дека ќе се појави во продавниците по крајот на Март (знаејќи ги најавите и роковите на Микрософт, тоа би можело да значи дури и цела година после Март. Но останува да видиме што ќе се случи…)

На блогот на Виста беше објавено што всушност содржи новиот СП 1 и беше објавена листа на драјвери кои се познати по проблемите со Виста.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии