Објавен Leanback, YouTube верзија за телевизија

Leanback „искуството“ ви нуди гледање на видео на целиот екран на компјутерот, односно е дизајниран за гледање видео на големите телевизори поврзани со компјутерот. Евентуално Leanback ќе стане функционален дел од Google TV како што напредува тој проект со кој компанијата планира да се вклучи во огромниот телевизиски пазар. Светска доминација?

Сега за сега можете да си одберете видеа и да ги гледате на целиот екран на вашиот монитор при тоа контролирајќи го видеото и менијата само со копчињата на тастатурате. Има и опција за поврзување на вашите Facebook видеа со Leanback за да можете да се опуштите, навалите на каучот и да ги гледате вашите видеа на големиот екран.

За да го пробате Leanback посетете го http://www.youtube.com/leanback. Потребно е да се логирате со Google профил.

Покрај овој проект, YouTube објави и подобрена верзија на YouTube мобилниот сајт.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии