Објавен е првиот трејлер од Silicon Valley, нова HBO серија за програмери и стартапи

Ако ви недостасуваат или барем уживатвте во сериите како IT Crowd, Big Beng Theory и слични серии во кои главни улоги се програмери, научници и гикови, тогаш HBO има добри вести за вас. Почнувајќи од април на HBO доаѓа серијата Silicon Valley, од креаторот на Office Space и Idiocracy, Мајк Џаџ. Silicon Valley е серија за група програмери кои живеат заедно и работат на софтвер кој треба да го освои пазарот, а нив да ги збогати. Станот во кој живеат е дел од стартап инкубатор кој е во сопственост на милионер од Сицилиумската долина. Мајк Џаџ вели дека серијата делумно е инспирирана од неговите искуства од осумдесетите кога работел како инженер. Првата сезона ќе има 8 епизоди, а доаѓа на HBO на шести април.

[youtube]-hteD4OrSf4[/youtube]

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии