Објавен е краток исечок од Downloaded, документарецот за Napster

Веќе еднаш пишувавме за Downloaded кога најавивме дека документарецoт за Napster ќе биде објавен на 10-ти март на SXSW конференцијата. Но, сега се појави првиот краток исечок од филмот за сервисот кој ја промени музичката индустрија и им направи проблеми на музичарите, со тоа што им ја намали продажбата, и ја започна пиратската револуција.

Филмот го раскажува стартувањето на сервисот во 1999 од страна на Шон Паркер и Шон Фенинг, неговиот неверојатен раст и неговото паѓање. Филмот е во режија на Алекс Винтер кој сака да претстави колку далеку стигнал Napster, како и културата и двата лика кои сè уште се активни во технолошкиот свет.

Во продолжение можете да го погледнете три минутниот исечок од филмот, објавен од Wired, а трејлерот е достапен овде.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии