Обидите за помали трошоци и аутсорсинг причина за проблемите на Boeing 737

Дејан Соколоски

во Свет

Авионите на Boeing до неодамна важеа за едни од најбезбедните авиони. Сепак желбата да се намалат трошоците во производство на софтверот донесе големи проблеми. Квалитетот на елементите кои се произведуваат во погоните на фабриката немаат проблем, но софтверот во авионите и деловите од други производители се друга приказна. Дополнителен проблем е што од неодамна софтверот го произведува индиска компанија, која нема искуство во авионаутика, вели Bloomberg.

Boeing отпуштил дел од своите инженерите и ги заменил со аутсорсинг. Проблемот да биде поголем компанијата која работи на софтверот нема искуство  во аеронаутика. Дополнително голем дел од овие инженери работат за 9 долари на час. Компанијата која  Boeing ја најми за производство и тестирање на софтверот е HCL Technologies Ltd. Индиската компанија го разви и тестираше „flight-display“ софтверот,

„Контроверзно е бидејќи е многу понеефикасно отколку ако инженери на боинг го пишуваа кодот. Има многу враќања бидејќи кодот не е добро напишан“, вели Марк Рабин, поранешен инженер во Boeing.

Проблеми има и со канцелариите во другите локации. На пример беа потребни 18 навраќања на шемите за тимот во Русија да разбере дека детекторите за чад треба да бидат приклучени на електричната инсталација.

Она што го забележува Bloomberg е дека во ова можеби е вмешана и политика. До неодамна Индија купуваше патнички авиони од Airbus, но во јануари 2017 потпишаа договор за Boеing „тежок“ 22 милијарди долари. Дел од договорот се 100 737-Max 8 авиони.

Сепак Boeing ја демантира оваа причина. Инженерите од HCL не работеа на проблемите кои придонесоа за падовите на авионите на Lion Air и Ethiopian Airlines. Дополнително Boeing веќе десетици години има договори за производство на софтвер или делови низ целиот свет.

Сепак нарушувањето на квалитетот на воздухопловите не е преку ноќ. Компанијата со години ги намалува трошоците, најчесто на сметка на кадарот кој го вработува. Компанијата до пред десетина години на партнерите има праќаше детални планови и барања за софтверот и деловите. Сепак последниот период ова е променето.

Почнувајќи со 787 Dreamliner, лансиран во 2004 година, се обидоа да го зголемат профитот. Наместо ова на производителите им испраќаа „high level“ спецификации, а потоа од нив сами да дизајнираат повеќе делови. Размислувањето беше „тие се експерти, ќе видите, и тие ќе ја завршат оваа работа наместо нас”, вели Френк Меккормик, поранешен инженер за софтвер за контрола на летање во Боинг. „Ова беше глупост“, додава г. Меккормик.

 

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии