Обележете ги локациите со пристап за инвалидски колички на Google Maps

Најпопуларните мапи, Google Maps, додадоа нова, навистина корисна функционалност. На мапите сега може да се обележи кои објекти се достапни, односно имаат пристап за инвалидски колички.

Функционалноста на објектите е поделена во неколку дела. Така, освен влезот кој треба да биде пристапен за посетителите со колички, објектите може да имаат и: лифт за колички; паркинг со пристап за колички, место за седење достапно за луѓе со инвалидска количка; или тоалет со пристап за колички. Секако, колку повеќе од овие можности се достапни, толку е поприлагоден објектот за дел од нашите сограѓани. За жал, освен корисниците кои ќе ги внесуваат овие податоци, останатите корисници на мапите нема ниту да забележат колку се ужасно неприлагодени објектите за луѓето со количка.

Обележувањето на пристапноста е оставено на корисниците. Така секој контрибутор може во „accessibility“ да додаде дел или сите пристапи. За сите кои се заинтересирани да пополнат дел од мапите Google додаде и водич кој ќе овозможи правилно дополнување.

По додавањето, податоците ќе им бидат достапни веднаш на корисниците на Android апликацијата. Десктоп и iOS функционалноста сè уште не е достапна, но без сомневање нема да треба да чекаме премногу.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии