Oбединетите нации велат дека Џулијан Асанж треба да биде ослободен

Основачот на Wikileaks, Џулијан Асанж, би можел конечно да ја напушти амбасадата на Еквадор во Лондон, во која се крие од 2012 година. Г. Асанж беше обвинет за силување во Шведска во период кога Wikileaks ги објавуваше контрaверзните дипломатски документи на САД. Toj беше уапсен во Британија, но штом шведските власти побараа екстрадиција, тој се скри во амбасадата на Еквадор кои му подарија азил.

Но, сега работното тело при Обединетите нации објави дека е жртва на самоволие на Велика Британија и Шведска. Според работното тело, на основачот на Wikileaks му биле нарушени некои основни човекови права, како правото на слободно движење, пренесува Guardian. Г. Асанж изјави дека доколку Обединетите нации донесат одлука против него ќе се предаде на властите во Британија, но одлуката иако е во негов прилог сепак има мало значење бидејки нема да биде правосилна во Британија. Одлуката сепак ќе има влијание кога г. Асанж ќе го побара назад својот пасош, но бара гаранција дека нема да биде уапсен по напуштањето на амбасадата. Со оглед на тоа дека обезбедувањето постојано е пред портата тешко е да се поверува дека ова би можело да се случи наскоро.

Шведските власти веќе објавија дека без разлика на одлуката на Обединетите нации, немаат намера да го повлечат барањето за екстрадиција, па најверојатно напуштањето на амбасадата и преселбата во Еквадор ќе чекаат на подобри времиња.

Еквадор ја поздрави одлуката на работното тело и побара обештетување за „чувањето“ на основачот на WikiLeaks. „Ова покажува дека сите овие години сме во право. Но, кој ќе ги обештети г. Асанж и Еквадор за штетата? Дали знаете колку чини постојаното обезбедување на амбасадата?“, вели претседателот на Еквадор, Рафаел Кореа, во изјава која ја пренесе Guardian.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии