Обединетите Нации го одобри „Правото на приватност во дигиталната ера“

И покрај противење од САД, Британија и Австралија, Обединетите Нации го изгласаа „Правото на приватност во дигиталната ера“. Оваа резолуција доаѓа по откритијата дека американските власти го прислушуваат Интернетот и телефоните на интернационални организации, иако доверлив документ на САД открива дека земјата не верува дека нивните шпионски активности се нелегални, бидејќи се одобрени од судовите и Конгресот, и при собирањето на податоците за милиони граѓани се почитува правото на приватност. САД и Британија се обидуваа да го разводенат јазикот кој се користи во документот, барајќи правото на приватност да биде интерно за секоја држава, но документот јасно наведува дека приватноста треба да се почитува без врска на државјанството на индивидуата, пишува Guardian.

Драфт-документот беше презентиран од Германија и Бразил, две земји кои се најгневни од американските шпионажи на нивната канцеларка Ангела Меркел, односно на бразилските граѓани и претседателка Дилма Русеф. Двете држави во документот не именуваат земји, иако очигледно целта им е да се спречат активностите на САД, туку дека се загрижени за „прекршување на човечките права и злоупотреба која може да резултира во шпионирање на комуникациите, вклучувајќи екстратериторијално набљудување“. Токму терминот „екстратериторијални права за приватност“ е причина за најголемото противење од САД околу документот, бидејќи стравуваат дека таквото правило ќе ги спречи да ги следат интернационалните терористи.

Резолуцијата е прв ваков документ кој гарантира приватност во новиот онлајн свет, и во кој се наведува дека масовното прислушување може да има „негативно влијание“ врз човековите права. Педесет и пет земји го поддржаа документот, вклучувајќи ги и Русија и Северна Кореја.

„Преку оваа резолуција, Генералното собрание поставува, за прв пат, дека човековото право треба да се почитува независно од медиумот и треба да се почитува како офлајн, така и онлајн“, вели бразилскиот претставник.