Обединете ги вашите и-мејл акаунти со Thunderbird

Кога се работи за проверување на нашите и-мејлови, обично се потпираме или на можностите од апликацијата во нашиот телефон, или одиме директно преку прелистувачот. Но, за подобра ефикасност и максимално обединување на сита ваши и-мејл акаунти (Ggmail, Outlook, Yahoo, и слично), потребно ви е солидно десктоп решение како Thunderbird.

По преземање и инсталирање на Thunderbird на вашиот компјутер, потребно е да го внесете вашето корисничко име и лозинка и да дозволите малку време апликацијата да се погрижи за сето конфигурирање. Вашите пораки автоматски се вдомуваат во апликацијата и се сместени во средина која нуди значително пофлексибилни можности за напредно уредување. Гледајте на Thunderbird како на бесплатна и моќна алтернатива на Microsfot Outlook.

Најновата верзија на Thunderbird воведува поддршка за уште повеќе јазици, а конечно можете да ги одбележувате сите фолдери како „прочитани“ На располагање имате и 64-bit инсталационен фајл кој би требало да ги забрза секојдневните операции со апликацијата. Имајте во предвид дека најновата верзија не може да се испорача како надградба, туку мора одново да се преземе и инсталира.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии