Обединете ги сите сервиси за чет со Franz

Кога се работи за дигитална комуникација, на располагање имате море од социјални мрежи и нивни соодветни чет алатки. Проблемот, ако можеме да кажеме така, е тоа што за секој сервис ви е потребна одделна алатка, особено доколку сакате да се дружите со повеќето чет услуги.

Franz е алатка која ги обединува сите чет алатки и ви ги нуди од една појдовна, визуелно-исполнителна, главна точка. Од оваа една апликација за десктоп комуникација, добивате пристап до WhatsApp, Facebook Messenger, Slack, TweetDeck, Skype, и многу други.

Најновата, петта верзија воведува можности за автоматска проверка на правописот, како и опција да го исклучите Franz директно од лентата со задачи.

За попријатна работа, на располагање имате и темен режим, изглед кој помалку ги оптеретува очите, особено при ноќна работа. Преземете го Franz тука! Покрај Windows, алатката е достапна и за Mac и за Linux.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии