Oбединет YouTube против Исламската држава

Актвисти, професори, имами муслимани, видео-блогери и забавачи се обединија на Youtube во борба со Исламска држава. Станува збор за иницијатива на YouTube во која компанијата ги покани највлијателните личности во најразлични области за дигитална „борба“ со eкстремните исламисти кои го користат серисот за пропаганда и регрутирање. Досега оваа борба ја добиваа екстремистите кои и покрај строгите правила за користење на YouTube успеваат да постават видеа од обезглавување и да шират паника.

Идејата на YouTube е едноставна – наместо одговор на секоја порака од ИД, креирање на видео содржини кој на потенцијалните регрути ќе им објасни кои точно се проблемите со ИД и зошто не се во склад со Исламот. Дополнително ова е борба на еден од терените на ИД, кои имаат сопствени пропагандни тимови за креирање на видео содржини со кои регрутираат огромен број.

„Муаслиманите се најголеми примачи на оваа пропаганда, и ние сакаме да се бориме со наша“, вели Мохамед Ахмед кој е кратор на Average Mohamed, детска анимирана серија. Целта на YouTube не е да ги насочува луѓето зад програмата за која и незборуваат премногу, туку да им овозможи да бидат она што се и да ја креираат соодветната содржина. Фокусот на програмата треба да биде на блогерите, а не на YouTube, велат од видео сервисот за Huffington Post.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии