Обама започна борба против патент троловите

Конгресот на САД е во подготовки на нов Закон за интелектуална сопственост, но администрацијата на Барак Обама веќе работи на свое предлог-решение кои ќе треба да ги спречи „патент троловите“. Понуденото решение ќе им помогне на малите компании во борбата со патент троловите, ќе додели ресурси на Патент бирото на САД и ќе ограничи што може, а што не може да биде патентирано. Помош кон помалите компании или иноватори кои се повикуваат пред суд поради нарушување на интелектуална сопственост наскоро ќе можат да добијат „про боно“ застапник кој ќе ги претставува пред судот.

Можеби најинтересен дел од иницијативата е предлогот за вклучување на јавноста која треба да му помогне на патент центарот во пронаоѓањето на иновациите кои веќе се заштитени. „Во моментов е тешко да се пронајде дали иновацијата е веќе заштитена. Особено за најасно форумлираните патенти.“ вели ЕFF. Поради ова јавноста ќе помогне во оранизацијата на постоечките патенти, пред се предтходните спорови за нивно полесно сортирање и пронаоѓање.

Едно од решенијата кое е за поздравување е дополнителната обуката и подолг временски период за агентите во бирото за патенти за избегнување на патентирање на идеи наместо готови решенија. На пример широкиот патент кој го имаа браќата Рајт долго време го сопираше развојот на авиоиндустријата, потсетува TechCrunch.