Обама ќе и забрани на NSA масовно да собира кориснички податоци

Администрацијата на претседателот на САД, Барак Обама, наскоро ќе ја претстави легислативата со која на Националата агенција за безбедност (NSA) ќе и се забрани масовно собирање податоци. Сепак за легислативата да стане реалност, администрацијата на г. Обама ќе треба да го обезбеди потребното мнозинство во Конгресот, јавува New York Times.

Со предвидените измени податоците ќе останат кај провајдерите на телефонски услуги. Овие компании нема да треба да ги задржат податоците повеќе отколку што нормално би го правеле ова, а на агенциите ќе им биде потребен налог од судија да пристапат до податоците. Новите налози за следење предвидуваат дека телефонските компании ќе треба експресно да ги доставуваат побараните податоци и сите следни податоци за разговори откако ќе биде достапен налогот.

Сега на NSA или FBI под Одделот 215 на Патриотскиот акт им е дозволено систематско прибирање на телефонските податоци доколку постои сомневање за тероризам. Се што треба е агенциите да дојдат со судски налог кој вели дека податоците се релевантни за истрагата. Предлогот на администрацијата на Обама предвидува судските органи да ја имаат клучната улога за воспоставување на основа за следење на телефонски број пред NSA да ги добие записите.

Новата регулатива се однесува единствено на телефонските разговори, за останатите податоци како на пример за трансфер на пари, масовното собирање останува во сила.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии