Обама на Reddit: Здраво, јас сум претседателот

Здраво јас сум претседателот Обама, прашајте ме што сакате. Вака претседателот на САД им се обрати на корисниците на Reddit, популарниот сајт за кориснички агрегирани вести, линкови и куп други теми.

Г. Обама е доста познат по користењето на друштвените мрежи и разни веб сервиси за да стапи во контакт со своите граѓани (посебно ако ако е изборна година, што и е). Знаејќи ја неговата кампања кога го доби првиот мандат, до користењето на Facebook, Twitter, и YouTube и Google+ за јавни видео дебати, не треба да изненади што овој модерен политичар се појави на еден од најпопуларните сајтови на Веб.

Но, интересно, првин пред да почне со својата отворена дискусија тој мораше да презентира доказ дека тој е вистинскиот претседател. Reddit е доста популарен поради кретивните корисници кои често знаат да се изглупираат или да направат практична шега. Но, г. Обама беше потготвен и докажа дека тој е вистинскиот претседател со твит од својот профил, што и даде доста сериозна нота на дискусијата, насочувајќи ја кон посериозни прашања и теми.

 

Во моментов г. Обама е еден од ретките политичари кои ги искористуваат друштвените мрежи и алатки за комуникација со граѓаните. Но, тоа не значи дека другите нема да го следат неговиот успешен модел на комуникација. Под „другите“ мислам на македонските политичари кои веќе започнуваат да се расправаат по Facebook, а г. Груевски и г. Црвенковски веќе имаа видеа комуникација со своите следбеници. Нови времиња се ближат.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии